ВАНДАЛИ НА СДС ГО УНИШТУВААТ АЕРОДРОМ: Намерно се уништува урбана опрема во општина Аеродром – последни настрадаа автоматските прскалки!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Трендот на вандализирање на урбаната опрема во општините во кои СДС има мали изгледи за посериозен резултат продолжува во Аеродром, откако претходно членови на СДС намерно уништуваа детски игралишта во општината Карпош, каде за среќа ниту едно дете не беше повредено, а лулашките беа санирани во најбрз можен рок

 

Овој пат, вандалите на СДС интензивно ги уништуваат прскалките поставени во тревниците и булеварите низ општина Аеродром, со цел потоа да ги фотографираат и преку нивните ФБ групи на можните кандидати за градоначалници од редовите на СДС да ги промовираат како неисправна опрема.

Општина Аеродром испрати соопштение во јавноста во кое се наведува дека во последниот период на територија на општината интензивно се оштетува опремата, за што неколкупати ја известиле и полицијата, која сеуште не реагира.

[kopa_block_quote class=”e.g. kopa-blockquote-1, kopa-blockquote-2″]Почитувани граѓани,
сведоци сме на интензивно уништување на прскалките и системот за наводнување во тревниците и парковите на Општина Аеродром, при што е оневозможено да се полева зеленилото.
Ве информираме дека повеќепати летово испраќаме апели до МВР да ги открие сторителите, но досега нема никаква реакција од нивните служби.
Затоа, се сомневаме дека зад овие деструктивни активности стои опозицијата во пресрет на локалните избори со цел да ја минира успешноста на Општината.
Уште еднаш апелираме до Министерството за внатрешни работи да не ги штити вандалите и да преземе соодветни мерки против уништувањето на урбаната опрема и системот за наводнување!
Во прилог може да се видат фотографии од уништените системи за автоматско наводнување. – стои во соопштението на општина Аеродром.[/kopa_block_quote]

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This