ВАНКОВСКА:На Македонија ѝ претстои период полн со предизвици.

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Професорката по политички науки Билјана Ванковска  во изјавата за РТС вели дека пред на Македонија ѝ претстои период полн со предизвици.

Screenshot-10-640x587

– Ова е влез во нова фаза од кризата, а дали потоа ќе излеземе од неа, останува dа видиме, вели Ванковска.

Таа анализира дека тешко да се каже дека Македонија излегла од политичката криза со тоа што Зоран Заев го добил мандатот за состав на нова влада, но е олеснување и со тој потег се отвора патото кон конституирање на сите државни органи.

За српската национална телевизија Ванковска изјави дека јавноста имаше увид во копија од она што го гарантира Заев.

-Во име на своите коалициони партнери изјави дека ќе ги штити државните интереси, унитарноста и сл. Тоа е многу чудно, во најмала рака, затоа што со печат на партија гарантира нешто што се подразбира. Сите кои вршат јавна функција, всушност, полагаат заклетва и секако се очекува да работат во согласност со Уставот, вели професорката Ванковска.

Таа смета дека сево ова е „еден мал циркус создаден од оваа политичка ситуација“.

За Тиранската палтформа, таа нагласува дека никој не знае што се случува со неа.

-Што се случува со Тиранската платформа – тоа никој не знае, зашто веднаш по изјавата на Заев дека влегува во фаза на формирање влада, дојде порака од неговите коалициски партнери дека очекуваат да се придржува на сето она им е ветено на гласачите, објаснува Ванковска за РТС.

Според неа, во периодот што следува ќе ги проследиме преговорите меѓу партиите.

-Заев не е во лесна позиција, зашто тој е на чело на најголемата партија во таа коалиција. Меѓутоа, ќе биде зависен од овие три партии кои ќе се натпреваруваат со своите барања и тоа е очигледно дека нивните барања се етнички, предупредува Ванковска.

Сепак, на крајот истакнува Ванковска, не треба да се заборави дека локалните избори се веќе закажани во октомври и во неколкумесечна кампања фокусот од централно ниво ќе се префрли на локално, а ВМРО-ДПМНЕ таму нема лесно да се предаде како што очекуваат некои.

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This