ВАША Е ОДЛУКАТА ДАЛИ СТЕ ЗА РЕВИДИРАЊЕ НА ИСТОРИЈАТА: Од народот зависи, на 15-ти октомври се одлучува дали ќе имаме ревидирана историја по грчки и бугарските тек

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Видете што се случува, тие им велат на луѓето, ,,гласајте за нас“. Луѓето секако ќе ги прашаат ,,Македонија и нашите градови имаат проблеми. Што ќе преземете за тоа?”  Кои се вашите проекти, ветувања, визија? Што велат тие? ,,ние ветуваме воздух, граѓаните ќе добијат воздух„ вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на денешниот митинг во Пробиштип.

-Тоа е потценување на народот. Нивниот главен проект е воздух. Благодарение на Бога, поредокот во природата ни обезбедува воздух. А Бог дарува и живот, а тие ветуваат и живот. Две работи кои не зависат од нив, токму тие ги ветуваат. Тоа е потценување. Нема да чуете решенија, нема да чуете идеи за подобар живот. Туку флоскули, апстрактни поими. 15 октомври е и можност за испраќање на порака. Ваша порака. На овие избори ќе се гласа за тоа дали согласувате извозот да продолжи да паѓа, или економијата да оди напред, како што беше во наше време? За тоа дали капиталните инвестиции кои ги преполовија од 25 милиони евра месечно на 14, ќе продолжат да паѓаат, или ќе се вратат назад и ќе почнат да се зголемуваат? Дали сте за повисоки даноци кои ги најавуваат, или за најниски кои ние ги овозможивме? Дали сте за плати кои ги намалија, или за плати кои реално ние ги зголемувавме? Дали сте за филмски измами и измислени инвестиции како САНОС, афери, тендери и пари само за луѓето од власта, или за реална поддршка на стопанството каква ние овозможувавме? Пензионерите ќе испратат порака дали се пензии кои не се зголемуваат, или за редовно покачување на нивните примања какво правевме сите изминати години додека вмро ја имаше одговорноста? Земјоделците ќе пратат порака дали се за укинати субвенции, или субвенции кои постојано растат, граѓаните дали веруваат во лажните ветувања за радиодифузна такса која е иста, или евтина струја која реално ја нема?, прашува Груевски.

Тој вели дека на 15 октомври испраќате порака за тоа дали се согласувате со рекетот кој го вратија по улиците, криминалот кој длабоко навлегува во секоја пора во општеството да продолжи или треба да му се стави крај?

-Народот ќе одлучи за штетниот договор со Бугарија, и дали Илинденското востание е бугарско или македонско, дали Гоце Делчев е македонец или бугарин? Дали сте за комисии со грција за договорање на комисии за ревидирање на историјата или не сте за тоа? Ваша е одлуката, вие одлучувате. А во секое поле гледаме неспособност, и аматеризам. И затоа кога сакате да ви се поправи колата, ја носите кај помошникот или кај вистински мајстор? Кога сакате да ви се окречи куќата, викате приправник или вистински молер? Кога сакате да ја шишате косата, дали преферирате приправник или искусен фризер? Овие приправници се обидуваат да летаат авион, а ни велосипед незнаат да возат. И тоа не можат да го направат. Тие не можат да ги водат и управуваат нашите градови, тие се неспособни да ги решаваат проблемите на граѓаните. Тие не можат да ја водат Македонија во потребниот правец. Настрана водењето на државата, две овци да им даде човек ќе ги загубат. Тие никогаш не ги исполнуваат своите обврски. Но едно добро знаат да прават: да продаваат ветер и магла, вели Груевски.

Тој потенцира дека ВМРО е мајсторот, ВМРО има способност, вештини, проекти, визија  и храброст. Кога нешто ќе ветиме, секогаш сме доследни на нашите зборови. Кога ќе речеме дека нешто ќе направиме, ние секогаш  исполнуваме. Ние сме вмро. ние работиме!

-Политиката на ВМРО произлегува од проекти и решенија. Решенијата и проектите ја формираат нашата политика. Ние зборуваме за тоа што ќе постигнеме. Ние зборуваме за тоа што ќе создадеме. Ние имаме проекти за Македонија Ние имаме визија за Македонија. Ние имаме решенија за Македонија. Ние ја нудиме новата ера. Новата ера во која нема да има неасфалтирана и неосветлена улица, новата ера каде имаме парк во секое маало. Новата ера на 150 илјади нови работни места, односно пад на невработеноста под 10 осто. Кога можевме да ја намалиме од 38 на 22.6 осто, можеме да ја спутиме и под 10 осто. Нова ера на двојно намалена невработеност кај младите и поголеми можности за стекнување со сопствен дом. Нова ера на 2.5 пати повисок приход по жител – односно од 5 на 12 илјади долари. Тоа значи 2.5 пати побогати граѓани, но и 2.5 пати повеќе пари во државата за капитални проекти, нови патишта, нови водоводи, болници, канализации, нови училишта, улици, паркови. Нова ера на најниски даноци. Поголеми плати, пензии субвенции. Нова ера на големи вложувања во екологијата, рече Груевски.

Тој додава дека во тоа се разликуваат! Тоа е она што нашиот народ го бара од нас.  Нашиот народ сака проблемите да му бидат решени. Тој сака неговите градови да се развиваат. Нашиот народ сака помала невработеност, повисоки плати, поквалитетно образование, подобри болници.

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This