ВЕТЕР СО БРЗИНА ОД 50 КМ/ЧАС: УХМР со вонредна состојба – во текот на вечерта можен пороен дожд во северо-западниот дел на државата!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во последниве два часа нестабилноста која се појави во Полошкиот регион се преместува преку северот од земјата и сега е во Скопскиот регион. Повеќе е зафатен со дожд и грмежи северниот дел на Скопската котлина и северниот дел на градот. Дува и повремено засилен северозападен ветер кој достигнува брзина и до 50 км/час – информираат од УХМР

 

Вечерва и преку ноќта претежно во северните и западните делови ќе има повремено пороен дожд и грмежи проследени со поинтензивен ветер.

Утре ќе преовладува променливо облачно, ветровито и свежо време со локални врнежи од дожд и ретки грмежи. Наместа можни се поинтензивни врнежи од пороен дожд и грмежи и понекаде локално вкупно ќе наврнат и над 25 л/м2 воден талог и тоа особено на северот и во планинските региони на запад и на исток. До вечерните часови врнежи ќе има на југот и југоистокот. Утре ветровито ќе е од преку ноќта, а ќе дува и повремено засилен северен ветер особено попладне, вдолж Повардарието и кон североисток.
Дневната температура ќе е пониска за 8 до 10 степени во однос на денешната.

Во вторник ветерот се уште повремено ќе засилува но ќе започне период на стабилно време со постепен пораст на дневната температура. Температури слични на денечниве ќе има на крајот од работната недела, но со посвежи утра.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This