(Видео)АВИОНИ КОИ СЛЕТУВААТ НА АВТОПАТИ: Зошто Руските воени авиони слетуваат на автопати?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Руското воено воздухопловство за првпат во историјата вежба слетување на тешки бомбардери и ловци на автопати.

На почетокот на оваа година еден тежок бомбардер Су-34 и два ловци Су-39М2 слетаа на федералниот автопат во Ростовската област (над 1.000 километри јужно од Москва), кој обично е преполн со автомобили и камини. Патот за време на воените вежби привремено стана авионска писта. Целта на вежбата беше да се тестира способноста на пилотите своите летала вредни десетици милиони американски долари да ги спуштат дури и на сосема куси и тесни траси.

Новата „писта“ беше широка 18 метри, што е за двапати помалку од пистата која обично ја користи воената авијација. За време на вежбите воената полиција го затвори автопатот со цел авијацијата да има доволно време да извежба сè што е потребно.

Според соопштението од руското Министерство за одбрана, пилотите не запирале на земја, ами полетувале веднаш штом тркалата ќе ја допреле земјата.

„Пилотите изведуваат вежба која се нарекува ‘подвижна лента’. Тоа е вежба кога тие ја допираат земјата само со задните тркала, а потоа веднаш се креваат без да ја намалат брзината“, соопштува Министерството.

Како што изјави пилотот по летот, кога изведувате „подвижна лента“ тоа е како веќе да сте слетале и спуштањето на предните тркала не претставува никаков проблем.

Ловците и бомбардерите исто така симулираа и воздушна битка против непријателот и изведоа сложени акробатски вежби.

Силите кои ја штитеа пистата го одбија „нападот“ додека хеликоптерот Ка-27 како дел од вежбата изведе симулирана мисија на спасување.

Ова се случува само во Русија
Тактичкото слетување на тешките бомбардери и ловци на автопатите во Русија се изведува за првпат. Но, граѓаните не беа многу изненадени зашто веќе се навикнати военото воздухопловство да им приредува различни шеги и сака да ги „плаши“ луѓето со ниско надлетување.

https://www.youtube.com/watch?v=_jw_BHJTl68

А, понекогаш се случува и на враќање дома преку патот да ви мине… тенк!

Или, не дај Боже, да ве удри авион. За среќа, цивилен.

RussiaBeyond

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This