(Видео)БРИТАНЦИТЕ ЈА СПАСУВАА ОВК ОД ПРОПАСТ: Како Британците ја формираа ОВК (УЧК), го отцепија Косово и ја растурија Македонија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Специјалниот суд за воени злосторства на ОВК се обиде на обвинителна клупа да доведе сведоци и некои „странски елементи“ кои во текот на 1998-1999 година, во периодот за кој судот е надлежен би можеле да бидат крунски сведоци за злосторствата на албанските терористи
SAS

Британецот Џон Харисон, бивш припадник на ОВК, за заслугите во текот на војната на Косово ги добил највисоките признанија од т.н. држава, но и улица во Призрен со своето име. Пред неколку дена на ФБ се огласи и објави статус во кој вели дека „е спремен да дојде и да им помогне на своите соборци (ОВК) ако затреба“.

Харисон кој учествувал во битката кај Кошара во 1999 година, изразил една желба, таму да биде и погребан. Албанците и денес го паметат по изјавата – „Да бевме повеќе, денес ќе пиевме кафе во Белград. Косово би било многу поголемо!“.

Тоа за што на Косово неофицијално се шушка, а што го „кочи“ формирањето на Специјалниот суд за злосторства на ОВК, не е толку во техничките детали, колку што е во недостатокот на сведоци. Имено, судот се обиде за сведоци да доведе некои „странски елементи“ кои во текот од 1998-1999 година, за периодот за кој овој суд е надлежен, би можеле да бидат крунски сведоци за некои од злочините на ОВК, како што е случајот во Клечка но и во други, но се утврдило дка од тоа нема ништо.

Специјалниот суд за воени злосторства на ОВК, инаку требаше да започне со работа оваа година. Меѓутоа, по автоматизам тоа не би значело и подигнување на обвинителни акти, бидејќи главниот обвинител на Специјалниот суд Дејвид Швендиман сеуште ги нема завршено обвиненијата. Сеуште не се завршени и некои други клучни работи кои претходат на подигнувањето на обвиниение, како именувањето на судии, закажување на пленарни седници на кои треба да се усвои Правилник за постапки и докази, и ревизија на правилникот од Уставниот суд. Сето тоа би требало да се направи во тек од 30 дена.

Фактот дека за тоа што се правеле ОВК знаат највеќе Американците, меѓутоа, за тоа доста би требало да знаат и припадниците на британските елитни единици САС. Улогата на Британците беше врзана со Косовската верификациона комисија, воспоставена во 1998 година како дел од договорот помеѓу Милошевиќ и Холбрук за решавање на косовската криза, постигнат во октомври. Лидер на мисијата беше Вилијам Вокер. И Холбрук и Вокер се американски дипломати кои беа дел од цивилната Косовоска верификациона комисија, но поважна улога во мисијата имаа Британците.

Освен Вилијам Вокер, кој беше на чело на ОБСЕ, главна улога во Верификационата комисија имал Британецот генерал-мајор Дејвид Древјенкиевиќ, кој бил и сведок на судењето на Слободан Милошевиќ.

Андреј Млакар, воено-политички коментатор, потсетува дека Британците тогаш прв пат преку оваа комисија биле ангажирани како набљудувачи.

„Имаше соневања дека Древјенкијевиќ бил еден од оние кои помогнале во Рачак…Меѓутоа се сомневам дека било кој од нив ќе се најде како сведок, а уште помалу на обвинителна клупа во Специјалниот суд за злосторства на ОВК. Реално, овој суд би требало да ја разоткрие улогата на странците о сето ова, бидејќи тие во голем дел ги помагаа ОВК, и ја спасија од пропаст“, вели соговорникот за Спутник.

Млакар понатаму објаснува дека нивната официјална улога била да го надгледуваат примирјето, но и дека своето присуство го искористиле и за други работи. За спрегата помеѓу британската војска и ОВК доста пишуваше и Том Маршал во својата кника „Игра на сенки“.

Млакар вели дека освен оваа фомрација (САС) Британците на Косово вметналу уште две воени групи – 14.Разузнувачка бригада и Кралските сигналисти.

Британецот Џон Харисон
Британецот Џон Харисон

Сите, како што потсетува соговорникот на Спутник, имале дипломатски пасоши и се додава дека нивната улога се засновала на таканаречена разузнувачка припрема на боиштето, што подразбира разгледување на военото поле и ситуацијата како пред одредени воени дејствија би биле затечени потенцијалните проблеми и ситуации, и како би се остварила победа во случај на борба.

Британските верификатори со ОВК
Британските верификатори со ОВК

„Припадниците на 14.Разузнувачка бригада на тој начин одиграа клучна улога бидејќи ги имаа сите податоци собрани од српското МВР, а и сите останати кои ги добиваа ги споделуваа со ОВК. Кралските сигналисти имаа улога на врска, тие пдоцна преку шифрирани линии испраќаа во МИ6 и Министерството за одбрана на Британија, кои беа посебно врзани со операцијата на Косово. САС, од друга страна беше задолжен за операцијата на извлекуање, и тие во прво време беа сместени во Македонија како систем за поддршка, поточно извлекување на нивните луѓе ако дојде до непредвидена ситуација“, објаснува соговорникот за Спутник.

Ruska_Vojska_nato

Дека Британците беа присутни во ова подрачје во јавноста по прв пат се слушна по ќотекот кој го добија во Македонија во кафаната „Два елени“.

За време на бомбардирањето на СРЈ, НАТО-што се однесува на целите на Косово-беше во постојан контакт со ОВК. Тој контакт е остваруван преку албанската армија и преку неофицијални канали – шпиони на ЦИА, САС и други тајни служби. Од страна на британски САС, припадниците на ОВК по обуката во Албаија, беа опремени со модерна комуникациска техника со помош на која по преминувањето на територија на СРЈ ги наведуваа бомбардерите на НАТО за цели на земја.

Францускиот полковник Жак Огар бил еден од првите западни офицери кои влегле на територија на Србија по потпишувањето на Кумановскиот договор во 1999 година, и таму се виде дека информациите со кои НАТО командува и ги потхранува – не одговараат на вистината.

„Војниците од 20.полк на САС всушност беа ангажирани на страна на ОВК, тие им даваа логистика и ги обучуваа. Тоа го открив во конкретни ситуации на терен“, објаснува францускиот полковник. Огар се потестува дека кога припадниците на ОВК од заседа нападнале бегалци кои се повлекувале со трактори – тој напад е спроведен со поддршка на Британиците-повикал една српска бригада во повлекување да се врати и да ги запре албанските агресори.

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This