(Видео)БУГАРИЈА ГО ПРЕЗЕДЕ ПРЕТСЕДАТЕЛСТВОТО НА ЕУ:Најсиромашната членка на Европската Унија и најкорумпираната првпат го презема ротирачкото претседателство на ЕУ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Најсиромашната членка на Европската Унија, за која се вели дека е и најкорумпирана, првпат го презема ротирачкото претседателство на ЕУ, пишува Еуроњуз.

„Бугарија го презема претседателството на ЕУ во клучен момент за Унијата… Девизата ‘Во единството е силата’ нека нè води не само во претседателствувањето, туку и во нашиот развој како народ“, напиша конзервативниот проевропски премиер Бојко Борисов на Фејсбук.

Концерт на кој секоја земја на ЕУ ќе ја претстави по еден автор на класична музика е закажан за 11 и 12 јануари во Палатата на културата во Софија, каде што ќе биде приреден официјален собир за прогласување на бугарското претседателство.

„Убеден сум дека успешно ќе работиме на нашите приоритети, на континуитетот“, рече Борисов.

А меѓу приоритетите се „земјите-кандидати за членство во ЕУ“ во Западен Балкан.

Бугарија и Македонија во 2017 година потпишаа „договор за пријателство“, но меѓу соседите сè уште постојат разлики, вели европскиот сајт.

„Проблемот што се појавува секој пат помеѓу Бугарија и Македонија секогаш го има истото потекло: непризнавањето на македонското малцинство во Бугарија и непризнавањето на македонската нација“, објаснува Стојко Стојков, ОМО-Илинден-Пирин.

Самитот „ЕУ-Западен Балкан“, прв по 15 години пауза, е закажан за мај 2018 година.

„Потребна е европеизација на Балканот за да се спречи балканизација на Европа“, рече Борисов.

12 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This