Во моментот кога поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони пристигна да гласа на парламентарните избори, одеднаш топлес активистка на ФЕМЕН скокна на масата и му порача дека неговото време истекло.
Со црн маркер на градите ѝ беше напишано „Берлускони, вашето време истече“, а на грбот ѝ беше напишан зборот ФЕМЕН. Берлускони веднаш си замина од гласачкото место.
Денеска во Италија се одржуваат парламентарни избори, а според анкетите постои можност некогашниот премиер Берлускони, да освои најмногу пратенички места, но не и парламентарно мнозинство. Ова не е прв пат на 81-годишниот Берлускони да се соочи со топлес активистка од ова движење.