(Видео)ГОЛЕМ „ЏАМБАЗ“ ДИРЕКТОРОТ: Зоран Китанов, директорот на ЈП за државни патишта лепеше пари на музикантите!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На денешното отварање на автопатот Демир Капија-Смоквица, дел од протоколот на свеченото отварање беше и плех музика во организација на локалниот штаб на владеачката партија

Како што може да се види од снимките, се играа ора и чочеци на среде автопат, а „отварачите“ на автопатот започнат со градба од страна на владата на ВМРО-ДПМНЕ, дури лепеа и пари на музикантите.

Функционерот кој лепи пари е директорот на ЈП за Државни патишта Зоран Китанов.

 

Претходно пак, на коктелот организиран по повод отварањето на автопатот, група госпоѓи изиграа оро и чочек пред премиерот Заев, задоволувајќи ги неговите аудио-визуелни рецептори.

 

Вакви прослави обично се традиција за време на отварање на локални, селски патишта каде протоколот е ограничен на нивото на „делегацијата“ која го отвара. Во овој случај, делегацијата е државна и Европска, но протоколот, очигледно е ограничен.

 

18 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This