(Видео)ГРДОСИЈА ОД ЕДЕН ТОН: Руските рибари фатиле „грдосија“ тешка еден тон!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Група на рибари од рускиот остров Сахалин не очекувала дека во своите мрежи некогаш ќе налета на ваква грдосија

Имено, фатиле риба од 1.100 килограми. Се работи за една од најтешките „коскести“ риби во светот, позната како месечева риба.

„Не се сеќавам дека некогаш нешто вакво сме виделе или уловиле, имало риби и по метар и половина, но никогаш не сум видел оваа врста на риби да тежи тон“, рекол рибарот Артур Балкаров.

Штом огромниот улов е донесен на брегот, веднаш започнал да се распаѓа, па рибарите немале никаков избор освен да го однесат на ѓубриштето каде локалците ги фрлаат остатоците од уловот за мечките.

Трговијата со месо од оваа риба во ЕУ е забранета, но во многу азиски земји како Јапонија или Тајван, се смета за деликатес.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This