April 19, 2024, 12:50 am

(Видео)ДОБРОДОЈДОВТЕ ВО ПЕКОЛОТ: Жестоки судири помеѓу германската полиција и демонстрантите во Хамбург!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Околу 12.000 антиглобалисти се собраа во Хамбург на протест под назив „Добродојдовте во пеколот“, каде од утре започнува самитот Г20. Активистите се судрија со полицијата


На протестот на антиглобалистите во Хамбург дојде до судир со полицијата откако екстремните активисти, ја гаѓаа полицијата со шишиња, петарди и други предмети. Полицијата возврати со водени топови и солзавец, јавува АФП.

Демонстрантите се собрале под слоганот „Разбијте го Г20“. Полицијата проценува дека на протестите учествувале околу 8.000 луѓе, пренесува АП. На чело на колоната, демонстрантите носеле транспаренти со натписите „Разбијте го Г20“ и „Добродојдовте во пеколот“ – што е и главното мото на организаторот на протестите.

Левичарскиот „црн блок“ вклучува неколку стотина активисти кои се облечени во црно и носат огромен црн балон.

Во очи на дводневниот самит на Г20 се очекува бројот на демонстранти да достигне до 100.000.

На самитот Г20 ќе присуствуваат претседателите на Русија, САД и Кина – Владимир Путин, Доналд Трамп и Си Џинпинг.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This