(Видео)ДОСТА Е НАСИЛСТВО И ЦЕНЗУРА ВРЗ НОВИНАРИ: Насер Селмани повика да се стави крај на насилството и цензурата врз новинарите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Како една од причините за денешниот протест на новинарите пред Владата на Република Македонија се навредите и заканите врз претседателот на здружението на новинари на Македонија Насер Селмани од страна на Беќир Асани, висок партиски функционер од ДУИ кој нападна службено лице – жена полицајка пред неколку дена само поради тоа што си ја вршела службената должност и повикала пајак служба да го крене возилот на Асани кое пак било непрописно паркирано, како и од неговиот брат.

Селмани кој јавно реагираше на нападот на Беќир Асани подоцна стана мета на закани и вербални напади од страна на Асани.

Според него намерата на овие закани била многу едноставна. Како што рече тој ако успеат Насер да го замолчат, тогаш можат сите. Според него оваа закана не ја доживуваа лично само кон себе, туку и кон сите негови колеги новинари како и кон граѓаните.

-Ако се замолчат новинарите и медиумите тогаш замолчена е и јавноста, додаде тој.

Селмани во своето обраќање пред владата побара и запирање на нарачаните судски процеси, како во случајот со уредникот на „Инфомакс.мк“ кој Обвинителството во Куманово го гони поради објавување на фотографија од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, додека тој држел прес конференција како дел од изборната кампања во 2017-та година.

– Затоа што новинари се влечат по судови затоа што сликаат јавни личности на јавни места – изјави Селмани, објаснувајќи дека тоа е класичен вид на притисок врз медиумите и цензура.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This