March 29, 2024, 12:35 pm

(Видео)ДРАМАТИЧНА Е СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: На удар на циклонот Алексеј, ветрот се засилува, езерото го поплави крајбрежјето и плоштадот!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Циклонот „Алексеј“ започна да добива на интензитет. Јужниот ветер кој попладнето дуваше со умерена сила во Охрид, вечерва се засили. Под вода се делови од кејот и улицата „Коста Абраш“ пред Капетанијата на пристаништата, кои ги заплискуваат бранови од преполентото езеро, што е вообичаено при вака висок водостој. Водата повторно навлегува во угостителските објекти на првата брегова линија во центарот на градот и населбата Канео. Во одредени објекти има нови штети, извести Охридњуз.

Информации за поплави во угостителски објекти лоцирани на самиот брег на езерото вечерва доаѓаат и од Струга. Центарот за управување со кризи – ЦУК, предупредува на влошување на сотојбата бидејќи во текот на ноќта се очекува невремето да го зголеми интензитетот, а се најавуваат и обилни врнежи од дожд во утринските часови.

Како што дознава OhridNews, исклучително загрижувачка е состојбата со колекторскиот систем кој е пред колапс. Поради зголеменото ниво на подземни води колекторот не може да ги преработува отпадните води и практично тој не функционира. За ова МЈП Проаква со допис го известила ЕЛЕМ, во кој предупредува на можноста да се случи вистинска еколошка катастрофа, бидејќи висок е водостојот на Дрим кај пречистителната станица Враништа и може да дојде до излевање на непречистени води во реката. Поради тоа Проаква бара да се намали испустот на вода од Охридското Езеро во Црн Дрим на 20-30 литри во секунда.

ЦУК вечерва информираше дека зголемен е преливот од акумулацијата Глобочица на 100-120 литри во секунда, што ќе го зголеми водостојот на реката Дрим. Општина Струга претходно предупреди дека е можно поплавување на регионалниот пат Струга-Дебар.

5 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This