(Видео)ДРАМА НА КЛИНИКАТА ЗА ГИНЕКОЛОГИЈА: Неодговорниот кадар на скопска Гинекологија го загубиле бебето на семејството Волчеви!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Драма на Клиниката за Гинекологија – Родители обвинуваат дека им го нема бебето. Јован Волчев од Скопје цел ден барал да ја види ќерката што се родила вчера. По неколкучасовни шетања низ клиниката и расправии со медицинскиот персонал каде е новороденчето, на крај му покажале бебе на кое пишувало Василевска па прецртано и напишано Волчева. Јован, видно вознемирен, по се што слушнал денеска за ТВ Сител вели дека се сомнева дека ја видел својата ќерка.

– Ми рекоа во девет часот има визита дојдете подоцна, отидовме во десет и тогаш ми викаат такво бебе со тоа име нема, но дојдете накај 11.30, отидовме и пак викаат не може да го видите заради историјата на мајката а подоцна кога ве повикав и вас ми покажаа бебе со презиме Василевска, но од кај да знам јас дека тоа е мое бебе може има повеќе василевски во болницата, вели за Сител Јован Волчев од Скопје.

Јован кој на ГАК бил со членови од семејството е револтиран зошто ги излажале дека бебето е кај мајката, кога неговата сопруга која била породена со царски рез е на одделот за Интензивна каде не носат новороденчиња.

– Викаат кај мајката е, јас и ѕвонам таа вика не. И она не го видела од вчера, сака да го види, вели Јован

Јован повика и полиција која дојде на Клиниката, направи записник и зема изјави од сите инволвирани страни. Вели дека ќе бараат и ДНК тест за да знаат кое дете ќе го изнесат од болница. Покрај со медицинскиот персонал, Волчеви имале проблем и со клиничкото обезбедување кое според изјавите на пациенти биле под дејство на алкохол а и се закануваа и на екипата на Сител употребувајќи вулгарни зборови.

– Ме туркаа, беа некултурни а и мирисаа на алкохол, вели Јован

Од ГАК за Сител изјавиле дека немале сериозен проблем со бебињата и дека се настанало поради гужвата на клиниката и недоволниот број на медицински персонал. За една недела ова е втор скандал на Гинекологија откако претходната недела имаше замена на новбороденчиња, кое за среќа заврши без сериозни последици.

 

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This