April 19, 2024, 11:27 am

(Видео)ДРЖАВАТА СТАНА ПАРТИСКИ ВИЛАЕТ НА ЗАЕВ: Еклатантно мешање на партијата и државата, Заев со службени возила на државата на партиски митинг!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Оние кои цела една деценија обвинуваа за злоупотреба на државните ресурси во партиски предизборни цели, во пракса всушност го спроведуваат токму тоа и на најеклтантен начин покажуваат како тие ја претвораат државата во алатка на партијата.

Само неколку часа откако министерот без ресор Роберт Поповски на прес-конференција денеска во Владата најави дека на овие локални избори никој немало да користи државни ресурси за партиски потреби, премиерот Зоран Заев со владини возила пристигна на вечерашниот митинг во Битола.

-Во пресрет на изборите, Владата донесе Декларација за слободни и фер избори. Усвоивме и дистрибуиравме прецизни упатства за начинот на постапувањето на премиерот, министрите во Владата и на сите останати државни функционери за забраната за користење на државните ресурси како возила, опрема и останато за време на изборната кампања, рече Поповски.

И додека Поповски од една страна ја замајува јавноста дека забраната за мешање на државни и партиски активности е еден од главните услови за одржување на фер и демократски избори, премиерот Заев го прави токму спротивното од она за што денеска Поповски говореше.

Прецизните упатства за начинот на постапувањето на премиерот и некористењето на државни возила очигледно не се дистрибуирани ниту до самиот Заев, а не пак до останатите државни функционери.

Вечерашниот пример со појавувањето на Заев со владини возила на партиски митинг во Битола претставува класично мешање на партијата и државата, и воедно потврде дека она што го ветува Владата се само декларативни заложби, бидејќи во пракса со спроведува токму спротивното.

 

 

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This