March 28, 2024, 11:12 pm

(Видео)ДРЖАВАТА УМИРА, ВЛАДАТА Е НЕСЕРИОЗНА: Државниот секретар за демографија на Хрватска ја шокираше јавноста

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Државниот секретар за демографија Марин Стрмота денес поднесе оставка на среде прес конференција и со тоа ја шокираше својата шефица, министерката Нада Мурганиќ

Откако репортерката на хрватска НоваТВ Барбара Штрбац утврди дека изнесените „нови“ податоци за демографските карактеристити е истиот од пред три месеци, Стрмота даде неочекуван одговор.

„Точно. Се сложувам со вас. Ова е еден голем фолклор. По година и половина во Владата како млад човек сметам дека ова не е доволно сериозно и поднесуам оставка. Државата умира, ова е најлоша состојба во Хрватска, од кога постои државата. Да се зборува несериозно за ова, јас како млад човек, граѓанин, татко на две деца, невработена сопруга, невработени родители, не верувам дека било што ќе се реши со ваков пристап“, рече Стрмота, кој со тоа ја изненади министерката.

Потоа ја напушти салата.

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This