(Видео)ЕКОЛОШКА КАТАСТРОФА ВО СКОПЈЕ: Уништени гнезда од дивите патки заедно со подмладокот, помор на риби, Шилегов им порача да се преселат!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ниту чистењето на коритото на реката Вардар во реонот на општина Карпош не му тргна од рака на Шилегов, кој наместо исчистено корито предизвика еколошка катастрофа, за која во нормални земји се одговара кривично

 

Од потегот кај мостот Обединети нации до почетокот на Градскиот парк, градот Скопје започна со акција за чистење на коритото на реката Вардар. Но, наместо спроведување на сите соодветни стандарди при ваква операција, градот, едноставно не се грижи за локалниот биодиверзитет.

Без никаква експертиза ниту внимание, багерите копаат по крајот на коритото „чистејќи“ го од отпад, притоа уништувајќи ги гнездата на дивите патки кои живеат во овој дел на реката. Освен патките кои останаа без својот подмладок и гнезда, уништена е и голема количина на риби кои во овој период од годината се во мрест, а сеуште важи и забраната за риболов.

Наместо одговори, градоначалникот Шилегов повторно во својот арогантен стил на давање „отчетност“ пред јавноста, негираше дека се случува еколошка катастрофа, но им порача на рибите доколку им смета чистењето на кејот, привремено да се преселат од тој дел на реката додека заврши акцијата.

Еколошка катастрофа во Скопје

„Чистењето“ на коритото на Вардар предизвика уништување на гнездата на дивите патки, но и на рибите кои во овој период се во мрест. Шилегов, со порака до рибите да се преселат од тој дел на реката.Репортер:Борислав Стоилковиќ

Posted by infomax.mk on Wednesday, May 16, 2018

Репортер
Борислав Стоилковиќ

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This