(Видео)ЗАЛОЖНИЧКА ДРАМА ВО КРИВА ПАЛАНКА: Штрајкот пред фабриката „Веибо“ се претвори во заложничка драма – вработените ја затвориле директорката!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вистинска заложничка драма се случува вечерва во фабриката на „Веибо“ во Крива Паланка, информираат луѓе од терен за Република.
-Нашиот извор вели дека директорката на „Веибо груп“ Кристина Јакимова заедно со менаџментот во кој има и турски државјани попладнево ја посетила фабриката за да ги земе документите за нејзино затворање. Но, откако влегле во фабриката која не работи од први месецов, дворот на објектот бил опколен од група на работници кои веќе неколку часа не им дозволуваат да излезат од „Веибо“, објави порталот.

Како што дознаваме, повикана била и полиција, но, драмата се уште трае. На терен ситуацијата ја смирувал и градоначалникот на Крива Паланка. Доколку „Веибо“ се затвори, на улица ќе останат 210 вработени.

Инаку, работниците на „Веибо груп“ протестираат веќе неколку дена поради затворањето на фабриката. Менаџментот на компанијата минатата недела се огласи со соопштение дека фабриката мора да биде затворена, затоа што тие веќе немаат моќ да функционираат и не сакаат да се доведуваат во големи загуби.

Во исто време фабриката им должи една заостаната плата на работниците, кои минатата недела се закануваа дека додека не им биде исплатена заостанатата плата нема да дозволат да се изнесе ништо од фабриката.

Во прилог, аматерски видеа од настанот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This