(Видео)КАТАНГА НА ЕВЗОНИ: Илинденците се враќаат од продолжен викенд на Белото море!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Неколку километарска колона попладнево има пред грчко-македонската граница кај Евзони. Продолжениот викенд голем број на Македонци го искористија за да ги посетат грчките плажи.

Поради зголемена фреквенција на возила попладнево на граничните премини Богородица и Дојран, на македонско-грчката граница, за влез во држава се чека половина до еден час.

Од АМСМ информираат дека на останатите гранични премини нема подолги задржување за влез и за излез од државата.

Сообраќајот на државните патишта се одвива без забрани, по суви коловози. Зголемен интензитет има на патните правци надвор од градските средини.

На видеото кое го објави радиото Канал 77 може да се забелеќат огромен број возила кои се враќаат накај Македонија.

Неколку километарска колона е пред грчко-македонската граница кај Евзони. Продолжениот викенд на грчкоте плажи го искористија околу 16000 Македонци

Posted by Radio Mreza Kanal 77 on Sunday, May 27, 2018

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This