(Видео)ЛУЃЕТО ИЗГОРЕА ДОДЕКА ЗАЕВ ЈА ЗАБАВУВАШЕ ЈАВНОСТА СО БАНАЛНОСТИ: Катастрофа и голема трагедија во делчевските села – пожарите опустошија неколку села!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пожарот кој ги зафати делчевските села Драмче, Селник и Киселица остави пустош и катастрофа од невидени размери, поради слабата, а во делови и никаква интервенција на надлежните служби. Сето ова додека Зоран Заев ги забавуваше граѓаните на телевизијата во сопственост на неговиот брат

 

[kopa_block_quote class=”e.g. kopa-blockquote-1, kopa-blockquote-2″]Пеплишта, запалени куќи, земјоделски објекти, домови, огромни површини борова шума и тревни површини.
Катастрофа од невидени размери за само неколку часови остави пекол зад себе – пишуваат жителите од делчевските села.[/kopa_block_quote]

Катастрофата зафати и голем дел од земјоделските површини, стотина хектари шума, куќи, плевни и останат имот на жителите на селата Драмче, Селник и Киселица.

Нешто подоцна, во акцијата за гаснење на пожарот се вклучија и авионите на ДЗС, но реакцијата беше задоцнета, бидејќи силниот ветер веќе го прошири огнот на огромна површина. Благодарение пак на регионалната противпожарна служба беше спречена и поголема катастрофа.

Претходно, очевидци за Курир велат дека глетката е како во хорор филм. Веќе се зафатени куќи, голема количина на шума и трева, а во моментов постои опасност кон сите страни бидејќи пожарот неконтролирано се шири.

-Загрозен е споменикот на културата, црквата „Света Петка“ која постои од 13-ти век. Нападнати се повеќе маала. Огнените јазли се шират на сите страни, граѓаните се во паника. Побаравме помош од Владата, АРМ и ЦУК, но засега нема. Ги молиме нека реагираат, истакна очевидец за Курир.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This