(Видео)МОРА ДА СЕ САМООРГАНИЗИРАМЕ: Повеќе не смее вака да се дозволи да се растура државата!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на Граѓанската опција за Македонија, во вчерашното гостување на телевизија Алфа во емисијата „Ѕид“, зборуваше за политичката апсурдност во која живее Македонија

 

 

„Ние гледаме дека еден преседан ни раѓа нов преседан, ние научивме да живееме во безаконие. Претседателот на собранието е избран на незаконит начин со 57 гласа, очигледно дека за нив не важи ни Устав ни Деловник за работа, ни почитување на демократските принципи.“ – изјави Јакимовски, додавајќи дека вака битен закон кој што прави тектонски поместувања во меѓуетничките односи во Македонија да се донесе без политички консензус, без соработка со опозицијата само луди луѓе го прават.

Јакимовски додава дека ова е силен удар врз Македонскиот народ кој нема да може да го издржи овој притисок, стравувајќи дека ваквиот начин на функционирање на државата ќе донесе далекусежни последици  и страшен удар врз граѓанството.

„Затоа што граѓанството почувствува дека живее во беззаконие каде што посилниот владее, каде практично правилата на џунглата почнува да владее и очигледно дека нешто мораме да менуваме. Очигледно дека власта сама не сака да менува, тогаш сметам дека сите прогресивни сили во државата, политички партии не партиски луѓе мораме да се организираме. Повеќе не може да се дозволува ова да оди на ваков начин. Затоа што како што си пројдоа денеска сакаат да им кажам на граѓаните така почитувани граѓани ќе ви пројде и со името. Ќе ви ја смислат Нова Македонија и на исти начин вака тексашки во парламент ќе ви го изгласаат договорот со Грција, можда не уставни промени, туку договор со Грција и ќе ни го сменат името. Ќе си се навикнуваме полека на теророт кои што го спорведува оваа власт, а за воља на вистината на народот на граѓаните се им беше кажувано во предизборниот период 2016 година.“ – заклучи Јакимовски.

 

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This