(Видео)НАЈУБАВИОТ ПОДАРОК ЗА НИВНАТА МАЈКА: Четири сестри позираа во венчаници во чест на нивната самохрана мајка!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Како благодарност за нејзината пожртвуваност и посветеноста да ги израсне во прекрасни дами, сестрите ѝ ја исполнија големата желбата на мајка им. Тие позираа во своите венчаници, а резултатот донесе солзи радосници во очите на нивната мајка, објави лајфстајл магазинот „Попшугар“.

Тери МекКафри копнеела да ги види четирите ќерки во невестински фустани уште од свадбата на нејзината прва ќерка во 2005 година, па затоа посветените ќерки ја изненадија со врамен портрет од нив во невестински фустани.

„Го направивме ова во нејзина чест, за сите тие години кога таа се жртвуваше за нас. Таа е најнесебичното суштество на овој свет“ – изјавила една од сестрите.

Последната од сестрите се омажила во декември минатата година, па ова бил идеален момент за создавањето на фотосесијата.

Невестинските фотографии ја симболизираат мајчинската посветеност на Тери и покажуваат дека е одлична мајка, која била покрај нив и ги израснала во успешни и добродушни жени. Највозрасната ќерка е учителка, другата работи во банка, третата работи со деца со посебни потреби, додека четвртата е мајка на три деца и по професија е учителка по ликовна уметност.

„Не се работи само за тоа дека се омажени. Се работи за нивните постигнувања и нивните срца. Гледам добри, млади, љубезни, интелигентни и образовани девојки“ – изјавила гордата мајка.

„Ние можеби ги немавме најдобрите работи, но и покрај тоа успеавме да се избориме. Се потрудивме да го имаме образованието кое таа сакаше да го имаме. Колку повеќе старееме, толку повеќе ја цениме Мама, бидејќи гледаме колку е тешко тоа што го прави. Таа е мајка каква што секоја од нас посакува да биде“ – велат сестрите, за „Попшугар“

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This