(Видео)НАЈУПОТРЕБУВАНАТА ПУШКА ВО СВЕТОТ: Еволуцијата на офанзивниот автомат АК-47!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Прочуениот автомат „Калашников“ има претрпено извесни измени откако за првпат е претставен на јавноста во 1948 година. Тој прв модел всушност никогаш не дошол во арсеналот на советската армија.


Имено, по првата партија полуавтоматски пушки АК-47 направени во 1948 година, следувале ригорози тестирања. Познатиот автомат кој денес е добро познат, во голема мера се разликува од првобитниот модел.

Естетската разлика е воочлива – првите примероци имале склоплив метален кундак, кој подоцна е заменет со дрвен, а гасната кочница на почетокот била фиксирана, додека на моделот АК-74 може да се симне.

„Сите овие практични измени следуваа по тестирањата во воените единици. Воената команда дојде до заклучок дека гасната кочница не е потребна зашто така автоматат прави голема бучава, а металниот кундак во голема мера влијае на прецизноста. Поради тоа беше решено да се остранат и двете нешта“, вели за Russia Beyond-Македонија професорот на Академијата за воени науки Вадим Козјулин.

Кога станува збор за најважните конструкторски решенија, тие се сепак зачувани и во моделот АК-47 и во подоцнежните модели.

Ова во Русија е првата полуавтоматска и автоматска офанзивна пушка со калибар од 7.62х39 милиметри со рамка од 30 куршуми и ефективен дострел од 800 метри.

Една од најважните карактеристики на оваа пушка е можноста да функционира во сите временски услови од -40 до +60 степени според Целзиус, дури и по големи врнежи и песочни бури.

Денес, 70 години од неговото настанување, АК-47 и понатаму е еден од најраспространетите модели оружје во целиот свет, благодарение на сигурноста, на ниската цена и на моќната муниција.

Според истражувањата на Оксфордскиот универзитет, во овој момент во светот има околу 100 милиони автомати Калашников, од кои 75% се од моделот АК-47.

Погледнете како овој автомат пука на забавена снимка.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This