(Видео)НОВИОТ ЏИП НА ЛАДА СО ФУЛ ОПРЕМА: Најскапата верзија на овој џип е 8.300 евра, а има се што можете да помислите!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Основната верзија на автомобилот ќе чини 589 000 рубли 6500 евра, а најскапата верзија 723 000 рубли (8300 евра), објавија официјално од руската компанија.

Од Lada коментираат дека XRAY е развиен на платформата Б0 и има над 500 оригинални делови.

Стартната цена од 6500 евра важи за Лада XRAY со 1,6-литарски бензински мотор со моќност од 109 коња и 5-брзински мануелен менувач со опрема Optima што вклучува воздушни перничиња за возачот и совозачот, антиблокирачки систем ABS + EBD , ESP и за контрола на потисок TCS, за задржување при наклон, електрични стакла на предните врати, регулирање на предното седиште на возачот на височина, аудио со екран осетлив на допир екран и Bluetooth, 16-инчни бандажи итн.

Најскапиот пакет за рускиот кросовер Prestige вклучува сензори за светлата и бришачите, загревање на шофершајбната, клима уред, задна камера и затемнети задни стакла. Со оваа опрема, автомобилот оди со 1.8-литарски бензински мотор со автоматски менувач.

Должината на сериската верзија на кросоверот Lada XRAY е 4164 мм, широчината – 1764 мм, а висината – 1570 мм. Минималниот обем на багажникот е 324 литри, а при поместување задни седишта тој расте до 770 литри.

https://www.youtube.com/watch?v=NOSRxSUWZEA

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This