(Видео)ОВА Е НОВАТА „А-класа“ НА МЕРЦЕДЕС: Потполно нов автомобил кој речиси и да нема директна поврзаност со претходникот!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Новинарите имаа можност да го возат и оценат новиот Мерцедес А-класа кој се планира до крајот на ова лето да влезе во автосалоните ширум светот

Новиот и најмал Мерцедес А-класа овој пат е поголем од сите негови претходници за 30мм, со 14мм поширока предница, повеќе простор за рамената, главата и рацете и севкупно поголем волумен за патниците. Попристапен багажен простор и целокупно далеку попростран од автомобилот кој го заменува.

Новитет во Мердецес А-класа за 2018 ќе биде новиот информативен центар „МБУКС“, кој ќе има можност да учи од возачот и да ги антиципира неговите потреби креирајќи како што велат од Мерцедес „емоционална врска помеѓу атомобилот, возачот и патниците“. Така на пример ако редовно во 18.00 часот попладне слушате рок, тогаш радиото само ќе побара рок станица за вас.

Како и неговите поголеми браќа, така и А-класата има променет ентерирер во кој сега доминираат големите ЛЦД екрани. Најголемиот е 10.24 инчи (колку помал телевизиор), еден е за инструмент таблата, додека другиот дисплеј за останатите контроли, како и навигацијата.

Новиот и најмал Мерцедес ќе го носи новиот четвороцилиндричен мотор од 1.4, односно, 2.0 литри, а ќе биде достапен и во 1.5 литри дизел верзија. Засега цените не се познати.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This