(Видео)ПОЛИЦИЈАТА ОСЛОБОДИЛА РАЗБОЈНИЦИ: Група разбојници кои пљачкосуваат дуќани и домови СДСМ ги пушти на слобода!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Селективниот пристап на органите на прогонот не остана незабележен и  од медимуите. Во притвор за дело за кое им се заканува казна затвор од 10 години , група рабојници помина без никакви мерки истакна Гетева во емисијата „Несомнено“.  

Од друга страна додека на слобода се оставаат разбојници а се амнестираат затвореници осудени за тешки кривични дела, во затворите лежат невини патриоти кои не сториле никакво кривично дело.

Со ваква селективност, владата на СДСМ со Законот за амнестија и вршење на притисок врз неистомислениците ја гази демократијата во државата и ги загрозува животите на граѓаните во Македонија.

„Несомнено“ анализираше дека група на разбојници се осмничени за седум разбојништва во дуќани низ Скопје и околината.

На нелегален начин, разбојниците заработиле 2 500 евра додека на вработените во продавниците им се заканувале со безбол палки и ножеви.

Според анализата, првото разбојништво на група од петмина тинејџети се случило на 20 јануари во 20:30 часот. Тие со палки и нож влегле во дуќанот и со закани кон вработените и го собираат дневниот промет. Со ист начин на извршување, наредна дестинација на која се извршило злосторството е улицата Рузвелтова. Девет дена подоцна, на периферието во Скопје во Ново Село петмината разбојници влегуваат во продавницата со закани земаат 11 000 денари дневен промет. На 30 јануари во село Радишани на идентичен начин  разбојниците крадат 26 000 денари. Наредно разбојништво е на 3 јануари во село Визбегово со закани на продавачката ја празнат касата. Крадат 30 000 денари, неколку кутии цигари и заминуваат во непознат правец. Пет дена подоцна на улицата „Борис Сарафов“ истата група прави уште едно разбојништво.  Два дена подоцна повторно во селото Радишани вршат разбојништво околу 18:30 часот но овој пат наместо палки и нож , извадиле пиштоли.

Разбојниците за седум разбојништва имаат заработка од 2 500 евра. Полицијата на 11 февруари врши претрес во домовите на осомничените тинејџети. Тие признале веднаш што сториле а  МВР имало доволно докази на товар да им стават кривично дело – разбојништво според членот 237.

Но за вакво кривично дело Јавното Oбвинителство не гледа потреба осомничените да ги задржи во притвор ниту пак да им одреди било какви мерки додека трае истражната постапка.
Според шпекулациите од „Несомнено“ велат дека се фаќале врски за разбојниците да поминат неказнено. На прашањето какви мерки се превземени за разбојниците, од Јавното Овнителство одговориле дека се издадени наредби за вештачење на средствата кои се пронајдени кај лицата. Исто така велат дека е побарано наредба да се обезбеди видео снимка од местата каде што се вршеле делата. Па затоа од тие причини Обвинителството ќе треба да ги почека извештаите од наредените вештачења.
Нејасно е зошто за Обвинителството признанието на разбојниците не е релевантен доказ за стореното дело, додека невини лица кои не сториле никакво кривично дело се ставени во затвор и им се прекршуваат нивните човечки права.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This