March 29, 2024, 10:22 am

(Видео)ПУКА, ФРЛА НОЖЕВИ, ДАВА КОМАНДИ: Запознајте го Туркменистанскиот претседател!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Туркменистанскиот претседател е снимен како ги прикажува своите воени вештини – пука, фрла ножеви, наредува напад. Тоа не е се. Има и видео на кое пее.

Како што пренесува британскиот „Телеграф“, Гурбангули Бердимухамедов за потребите на спотот е снимен во полна воена опрема, со очила за сонце и „опасен изглед“.

На видеото тој пука од автоматско оружје и пиштол, фрла ножеви со голема прецизност, издава наредби на хеликоптерот да изведе напад на мета. За целото тоа време му аплаудираат построените офицери од туркменистанската војска.

Во прилог на емитуваната снимка на државната телевизија наведува како Бердимухамедов ја покажал својата воена спремност и демонстрирал прецизност.

Меѓутоа, на Јутјуб е поставена и верзија која објавијла група на опозициски активисти, која целата снимка ја поткрепила со музика, но и со сцени од познатиот филм на Арнолд Шварценегер „Командос“.

Но тоа не е се. Туркменистанскиот лидер ја прикажа и својата нежна страна.

На другата видео-снимка своите атлетски вештини ги заменил со оние музичките. Тој на своите сограѓани им покажал како „владее“ со синтисајзер и гитара.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This