(Видео)РУСИЈА ЌЕ ПРОИЗВЕДЕ НОВ ХЕЛИКОПТЕР: Нов руски хеликоптер Ми-38Т на небото до крајот на годината

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Новиот руски военo-десантен хеликоптер Ми-38T ќе биде тестиран во мај, соопштуваат од фабриката во Казан за производство на хеликоптери.

Според наводите, хеликоптер се произведува по наредбата на Министерството за одбрана на Русија.

По тестирањето, фабриката во Казан ќе започне масовно да го произведува, а првиот хеликоптер треба да биде испорачан за употреба на крајот на годината.

Новата верзија на хеликоптерот има значителни разлики во однос на претходната, Ми-38, пред сè, сите компоненти се направени во Русија, а зголемена е и дистанцата која може да ја помине хеликоптерот со едно полнење на резервоарот.

Инаку, станува збор за полутежок повеќенаменски хеликоптер кој се користи за средно растојание. Може да врши задачи дење и ноќе, во различни климатски и временски услови.

Може да превезува до 30 патници или пет тони товар во кабината, како и шест тони од надвор.

https://www.youtube.com/watch?v=PXp1NDI2-H4

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This