(Видео)СВЕСНО СЕ ЗАМИЖУВА ПРЕД НЕРЕГУЛАРНОСТИТЕ: Членовите на СДС во ДИК се обидуваат да ги прикријат и заташкаат неправилностите!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Се зголемува бројот на нерегуларности на локалните избори, па така во Чаир може да се забележи дека бројот на ливчиња во кутијата и бројот кој е запишан во записникот, а потоа префрлен на веб страницата на ДИК, не се совпаѓаат.

 

Претседателот на ДИК Александар Чичаковски од СДСМ и членовите на ДИК од истата партија цел ден замижуваат пред очигледните и со факти потврдени нерегуларности во гласањето и броењето на гласачките ливчиња.

На избирачкото место 2875 во Чаир, во кутијата за гласање за избор на градоначалник на Скопје имало 409 ливчиња, иако во записникот стои дека гласот го дале 406, а таа бројка кореспондира и со податокот кој е внесен на веб страницата на Државната изборна комисија.

На денешното разгледување на приговорите за локалните избори од страна на ДИК беше констатирано дека бројот не се совпаѓа, но за членовите на СДСМ во ДИК тоа воопшто не беше важно.

Претседателот Чичаковски неколку пати се обиде да изманипулира со бројките, но при секое пребројување стануваше јасно дека изборната нерегуларност не може да се сокрие.

И покрај гласното инсистирање на членовите на ВМРО-ДПМНЕ во ДИК и покрај нивното инсистирање да се почитуваат законите, СДСМ замижа и пред оваа од низата скандалозни нерегуларности кои се случија на првиот круг од лојкалните избори.

Случајот со избирачкото место во Чаир е само едно во низата пред кои членовите на СДСМ денес избегнуваа да се постапи правилно и според закон.

 

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This