March 29, 2024, 12:35 am

(Видео)СКОПЈЕ ПОДГОТВЕНО ЗА СУПЕР КУПОТ: Еве ги деталите за најголемиот спортски настан во Македонија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Градот Скопје е целосно подготвен за УЕФА Супер Купот 2017 кој ќе се одржи на 8 август во Скопје на националната арена „Филип Втори“. На годинешниов Супер Куп силите ќе ги одмерат двата најголеми фудбалски клубови во светот, Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед.

 

Деталите за подготовките за овој голем спортски настан ги соопштија градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, портпаролот на фудбалската федерација на Македонија, Златко Андоновски и маркетинг директор на Идеа Лаб, Димитар Атанасовски.

– Голема чест и задоволство е што Скопје е домаќин на УЕФА Супер Купот 2017 на кои ќе играат победникот од УЕФА Лигата на Шампионите, тимот на Реал Мадрид и победникот на УЕФА Лигата на Европа, тимот на Манчестер Јунајтед. Градот Скопје активно се вклучи во организацијата за одржувањето на овој настан и заедно со ФФМ работевме на исполнување на сите барања и стандарди поставени од УЕФА. Изминатиов период Градот Скопје преку своите јавни претпријатија активно работеше на исполнување на овие барања и стандарди, на подобрување на изгледот и хигиената во Скопје. Покрај овие активности, Градот Скопје изработи промотивно видео на англиски јазик чија цел ќе биде информирање на туристите и промовирање на убавините на Скопје. Воедно, ова е видео коешто ја покажува гостопримливоста на градот во пресрет на овој голем спортски настан, а изработени се и информативни брошури за Скопје на повеќе јазици – кажа градоначалникот Трајановски.

Активно во подоготовките на УЕФА Супер Купот 2017 се вклучи и ФФМ, а нивните активности ги соопшти портпаролот Златко Андоновски.

– ФФМ ќе ја координира „Трофеј турата“ и во повеќе места во Македонија ќе бидат претставени највредните пехари на УЕФА, на Лигата на шампионите, Лигата на Европа и секако на Супер купот. Турнејата ќе почне на 1 август и во наредните неколку денови пехарите ќе бидат изложени во 9 градови во Македонија, односно  до 8 август истите ќе бидат изложени во Тетово, Охрид, Битола, Прилеп, Неготино, Струмица, Штип, Куманово и Скопје. Покрај ова, ФФМ ќе организира и голем број натпревари за најмладите фанови, кои ќе се одржуваат на мини терени што ќе бидат поставени во градовите каде што ќе бидат изложени пехарите. ФФМ со добиената доверба од ФФМ за организација на Супер Купот 2017 станува еден од најголемите амбасадори на нашава земја, промотор на фер-играта, на социјалното и општествено вклучување, промотор на здравје и едукација во нашето општество – кажа Андоновски.

Околу техничката организација на УЕФА Супер Купот 2017 и многубројните содржини кои ќе бидат достапни за сите посетители во Скопје, деталите ги соопшти Димитар Атанасовски од Идеа Лаб.

– Градот Скопје изработи видео на англиски јазик чија цел ќе биде информирање на туристите и промовирање на убавините на Скопје. Овој спот е одобрен од УЕФА и истиот ќе биде дистрибуиран до сите канали и портали на УЕФА, како и до каналите на комуникација на Реал Мадрид, Манчестер Јунајтед и нивните навивачки групи кои потоа ќе ги дистрибуираат. Дополнително, во организација на Град Скопје е целосното брендирање на градот, а деновиве и скопското Кале ќе светне во сината боја на Супер Купот. Во организација на Град Скопје е и организирањето на т.н. „неутрална фан зона“, како и точките на поаѓање на навивачите кон стадионот „Филип Втори“. Неутралната фан зона е лоцирана на Плоштадот Македонија и на истата ќе се организираат голем број активности за посетителите од сите возрасти. Ќе има голема сцена каде што ќе се организира музичка забава од 11 до 19 часот на 7 и 8 август, тука ќе бидат поставени оригиналните трофеи во рамки на „Трофеј турата“, ќе има ѕид на финалисти каде што сите навивачи ќе можат да се фотографираат, ќе бидат поставени штандови на партнерите на Супер Купот… Во оваа фан зона ќе биде поставен и мал фудбалски терен, на кој ќе се одиграат финалните натпревари од турнирот кој  ќе се игра низ цела Македонија, во рамките на „Трофеј турата“  – кажа Атанасовски.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This