Припадници на српското МВР во Белград уапсија двајца црногорски државјани Р.Б. (1993) и Р.К (1996) поради постоење сомнение дека извршиле кривично дело „неовластено поседување и ставање во промет опојни дроги и недозволено производство, чување и носење на оружје и експлозивни материјали – пренесе „Блиц“
Со претрес на автомобилот во кој се возеле осомничените, полицијата пронашла и одземала ќеса со околу 100 грама кокаин. Исто така, со претресот на станот на осомничените пронајдени се муниција и дигитална вага.
Осомничените се протворени и врз нив ќе биде поднсена кривична пријава.