(Видео+Фото)ВЛАДАТА И ЕЛЕМ ВРШАТ ЕКОЛОШКИ ГЕНОЦИД: Во „Осломеј“ се согорува пепел, канцероген чад го поклопи градот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Откако поради дефект РЕК „Битола“ функционира со само еден блок, Владата и ЕЛЕМ го активирале „Осломеј“ кај Кичево. Но, наместо јаглен, во печките во „Осломеј“ се согорува пепел од веќе употребуван и согорен јаглен. Честичките што се ослободуваат од согорувањето пепел се канцерогени. На Кичево и околината им се заканува еколошка катастрофа.

Тоа предизвикува еколошки геноцид. Владата труе илјадници граѓани.

Вицепремиерот задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев минатата недела, говорејќи за македонските енергетски производни капацитети, истакна дека заложба на Владата е да го стави во функција комбинатот „Осломеј“ и да го зголеми капацитетот на производство на најголемиот производител на струја во земјата, РЕК „Битола“, во соработка со менаџментот на ЕЛЕМ. Осврнувајќи се на енергетските параметри на Република Македонија, тој посочи дека новиот Закон за енергетиката создава можности за поефикасно производство на електрична енергија од обновливи извори. По овие најави, за жал сликата на терен е поинаква, жителите на Кичево реагираат на сознанијата дека во „Осломеј“ се согорува пепел од веќе употребуван и согорен јаглен. Прашуваат, дали бизнис интересите се поважни од здравјето на луѓето во овој град на кој со ваквото работење на „Осломеј“ му се заканува еколошка катастрофа?

Од АД ЕЛЕМ денеска соопштија дека веќе е отстранет дефектот во системот за водно отпепелување, кој настанал синоќа во термоелектраната „Осломеј“, поради што дошло до исфрлање пепел во атмосферата.

„Станува збор за механички дефект, заглавен резервоар за хидросмеса, кој е веќе отстранет. Стручните екипи на електраната работат на повторно вклучување на електростатскиот филтер на оџакот на ТЕ ‘Осломеј’ и во секој момент се очекува да продолжи водното отпепелување во согласност со еколошките стандарди“, наведуваат од АД ЕЛЕМ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This