April 19, 2024, 12:12 am

(Видео)ШТО ИМ СМЕТА ЛЕТАЊЕТО НА АВИОНИТЕ: Српскиот генерал со изјава за прелетот на авионите над Прешево

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на општина Прешево Шќиприм Арифи рекол дека српските авиони го прелетале воздушниот простор на „границата помеѓу Косово и Србија“, пренесува „Прешево јоне“

Авионите на српската војска денес го надлетаа Прешево на југот на Србија, што е, како што пишуваат албанските медиуми, предизвикало паника меѓу граѓаните кои живеат таму.

Албанските портали јавуваат дека населението е вознемирено затоа што, според зборовите на мештаните, воените авиони не ги виделе од време на војната на тоа подрачје.

Претседателот на општината Шќиприм Арифи рекол дека српските авиони го прелетале воздушниот простор на „границата помеѓу Косово и Србија“, пренесува „Прешево јоне“.

И тој потврдил дека авионите го вознемириле населението и ги повикал граѓаните да се „воздржат од провокации“.

Редовни активности на војската

Портпаролот на Министерството за одбрана Јован Кривокапиќ вечерва изјавил дека борбените авиони на Војската на Србија го прелетале југот на Србија во рамки на редовните летачки активности.

Како што објаснува, се работело за припрема за тактичка вежба со боево гаѓање „Соседство 2018“, која е планирана за во четврток“, пренесе Танјуг.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This