(Видео) ХУНТАТА ПОЧНА СО ПИШТОЛИ ДА ВЛЕГУВА ПО ДОМОВИ: Криминалци со пиштоли влегле во домот на Јованови!

Поврзано

- Advertisement -
Драги Јованов и Цонка Јованова, брачен пар од Демир Капија биле предмет на закани со убиство од активисти на СДСМ и познати криминалци од регионот поради тоа што кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ бил кај нив дома на кафе. Криминалците извадиле пиштоли и се заканувале дека сите ќе ги стрелаат. Потресното сведоштво на брачниот пар и стравот кој владее во Демир Капија потоа видете го во видеата во продолжение на овој текст.

- Advertisement -

Тој вели кога тргнал да вика полиција, истите избегал, по што пристигнало друго возило со активисти на СДСМ, кои исто така се заканувале, по што се јавиле во полиција, а истата ништо не превземала.

Според Јованов, заканувачите се најголемите криминалци во Демир Капија.

Кога луѓето го прашале Лазо, кандидатот за  градноначалник од СДСМ за Демир Капија  што е проблемот, тој рекол дека тој ги пуштил за да го следат кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ.

Сопругата на Драги, Цонка Јованова, вели:

– И јас излегувам надвор и гледам има галама, кај нас беа гостите Љупчо и Пецо и излегувам надвор и гледам гужва. Прашувам што е ова? Гледам Пајо Илиев со двајца од Валандово се залепиле до нашата порта го следат градоначалникот, сега што е кандидат за Демир Капија, и тогаш едниот од Валандово ја става раката во ташната и вика сакате ли да ве застрелам.

По ова брачниот пар и другите присутни почнале да велат дека ќе ја викнат полицијата, по што криминалците и активистите од СДСМ им рекле „ние ќе си одиме, ама по нас ќе дојде друга кола“. Откако заминале, по нив дошла друга кола.

Јованова потенцира дека цела Демир Капија е под стрес и неможат да излезат надвор. Дополнително Јованова ја предочува незаинтересираноста на полицијата да им помогне, кои им рекле да отидат во полиција да дадат изјава, во услови кога истите се плашат да излезат од својот дом.

Граѓаните од Демир Капија велат дека заканувачите од Валандово подолг период се во градот и истите се сместени во винарска визба блиску до градот, од каде ги планираат своите активности.

Ваквиот видео материјал, сведоштва и материјални докази од овој и од другите документирани случаи кои излегоа во медиумите изминатиов период се ноторен доказ за  отворање истрага од страна на надлежното обвинителство за изборен  криминал, за жал истото молчи и не презема никакви дејствија, кои согласно закон е должно да ги преземе.

5 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This