ВИЕ НЕ ЗНАЕТЕ ШТО Е НАЈДОБРО ЗА ВАШЕТО ДЕТЕ: Ако сакате детето да оди во градинка, Филипче вели дека мора да се вакцинира

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

-Разговаравме и за можноста новите поскапи вакцини СЗО да ги набавува за цел регион, со што би паднала цената на вакцините. Зборувавме и за воведување нови вакцини, но засега не може да да кажеме дали од оваа години ќе има нови вакцини во редовниот календар за имунизација, вели Филипче, пренесе порталот.

Македонија ќе формира Национално тело за вакцинација, кое ќе биде одговорно за целокупниот процес за вакцинација во земјава. Ова било договорено на дводневниот министерски форум на земјите од Југоисточна Европа што се оддржа вчера и завчера во Подгорица.

Министерот за здравство Венко Филипче вели дека ова го договориле со Светската здравствена организација за продлабочување и интензивирање на соработката, за да се зголеми здравствената заштита на населението и да се намалат ризиците од појава на болести, за кои има ефективна превентива.

-Националното тело за имунизација ќе се грижи за целокупниот процес на вакцинација во земјата, почнувајќи од набавката на вакцините па се до нејзините крајни корисници, односно децата. Планираме да направиме и кампања за важноста од вакцинацијата, со оглед дека веќе на светско ниво е вклучен алармот за пад на опфатот на вакцинирани со морбили, а епидемии и голем број заболени има и во нашето поблиско соседство, вели Филипче, пренесува СДК.МК.

Тој кажа дека со помош на СЗО ќе се обидат да ги искористат добрите експертизи од некои европски земји и да се види дали тоа е применливо и кај нас, односно запишувањето во градинка или во училиште да се услови со тоа децата да бидат вакцинирани.

-Разговаравме и за можноста новите поскапи вакцини СЗО да ги набавува за цел регион, со што би паднала цената на вакцините. Зборувавме и за воведување нови вакцини, но засега не може да да кажеме дали од оваа години ќе има нови вакцини во редовниот календар за имунизација, вели Филипче, пренесе порталот.

Министрите за здравство од 12 земји членки на Југоисточна Европа во Подгорица потпишаа и писмо за намери, во кој се потенцира важноста на имунизацијата.

„Со ова писмо практично вакцинацијата како земја ја ставаме меѓу приоритетите, бидејќи е значајна здравствена, социјална и економска придобивка“, кажа Филипче.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This