March 28, 2024, 11:25 am

ВИСТИНСКАТА ПРИЧИНА ЗА КРИЗАТА: НАТО во Македонија би да ја победи Русија и Кина!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Дека ѓаволот ја однесе шегата разбраа кога на кинескиот Пат на свилата беше најавен возот од Пиреја до Будимпешта. Недолго откако САД го „запреа“ рускиот гасовод „Јужен Тек“, воскресна „Турски тек“. А тоа „канцерогено влијаени“ на Русија и Истокот на Балканот треба да се спречи. Ете од каде е кризата во Македонија

kina_rusija

Кога САД се бори за своето влијание на Балканот тогаш тоа е „промоција на мир и стабилност во регионот“, а кога тоа го прави Русија, тогаш тоа е „канцерогено влијание“ на Балканот.

Без никаква задршка, наведувајќи ја оваа констатација, високиот официјален претставник на Стејт Департментот испрати таква порака на заседавањето на Поткомитетот за надворешни работи на Конгресот. Истиот оној Хојт Брајан Ли, кој побрза во Скопје последните денови од април со својата „миротворна“ улога.

А како таа улога изгледа виде целиот Балкан, а и пошироко, во претходната половина година на случајот Македонија. Кога по вонредните парламентарни избори сфатија дека повторно највеќе гласови има власта која нив не им е по волја, го потегнаа својот најсилен адут на Балканот кој никогаш нема да откаже лојалност – Албанците. На нивната поддршка, или подобро кажано, потполна послушност секогаш може да сметаат, а особено кога интересите им се поклопуваат, какко во Македонскиот случај.

Резултатот на сето тоа е прекршувањето на договореното и секогаш испочитувано, додуша непишано, правило Владата да ја состават најсилната македонска и најсилната албанска партија. Но кој се грижи за приципте кога е американскиот интерес во прашање.

Така непринципиелно и на брзина, по изборите, е сочинета и „тиранската платформа“, односно услови под кои албанските партии во Македонија нема да коалицираат со македонска партија, платформа која ја прифати лидерот на СДС Зоран Заев. Тие услови се оценети како прв чекор кон неуставна федерализација на Македонија. Но на кој му е грижа за кршењето на Уставот на Македонија кога американските интереси се во прашање.

ВМРО-ДПМНЕ која повторо овои највеќе гласови и од која потекнува претседателот на Македонија Ѓорѓе Иванов, и покрај тоа што е определена за евроатлантски интеграции, со американски вкус многу често го гледаше патот на Русија и Истокот. Се поинтензивната соработка со Москва, која беше пропратена со се посилна економска активност, ред неколку месеци е обележана со отворањето на македонското претставништво во Русија.

Дека ѓаволот ја однесе шегата САД оцени кога на кинескиот Пат на свилата е најавен и возот од Пиреја до Будимпешта. Македонија како прва станица на тој пат на продорот на кинеската економија и влијание, право во средиштето на американските забрани, каква што е во ЕУ, за САД не беше пожелно. Особено што по рускиот гасовод „Јужен тек“, кој САД „успешно“ го спречија, „грижејќи“ се за диверсифицирано снабдување на Европ асо гас, воскресна „Турски тек“.

Уште кога Македонија оцени дека добро би и дошол крак со кој би се поврзале на „Турски тек“ и ги би ги решиле проблемите со снабдување со гас, американскиот одговор беше сосем очекуван. Особено во околностите кога русија по успешно одиграната улога во Сирија на голема врата се врати на меѓународна сцена. Ризикувајќи и со Балканот, и потоа уште со приближување на Русија и Турција, за САД беше потполно неприфатливо.

Во пошироката слика на гледање на работите, Македонија беше важно да биде дестабилизирана Бидејќи како што за Спутник оцени аналитичарот Александар Павиќ, нестабилна Македонија оневозможува реализација на големи проекти и продор на влијанието од Русија и Кина. Затоа и не чуди што на почетокот на кризата во Македонија се огласи НАТО, незаменливиот американски оперативец.

„Кога не може да го задржи поредокот који му одговара, НАТО намерно предизвикува криза и потоа се обидува со истата да управува. Тоа му е една од специјалностите“, истакнува Павиќ.

На прашањето за геополитичкото позиционирање на Македонија со Заев на чело на Владата и албанските партии во парламентарното мнозинство, аналитичарот од Скопје Бранко Ѓорѓевски вели дека нивната веќе докажана лојалност кон Западот ќе биде многу повеќе зацврстена.

„Едноставно, она што ќе се бара од оваа Влада тие ќе испорачаат“,вели Ѓорѓевски за Спутник.

Балканот е на линија на огнот помеѓу Москва и Вашингтон, тоа не е никаква тајна, вели тој, истакнувајќи дека Македонија само ќе ја дели судбината на таа конфронтација.

„Денес никој во светот не сака да ги затвора вратите за соработка со ниту една страна, посебно во економијата“, истакнува Ѓорѓевск, напоменувајќи дека Иванов како претседател на Македонија и понатаму ќе биде одговорен за соработка со Москва и дека во тој поглед нема никакви резерви. Освен тоа, веќе се знае дека на 24. и 25. мај ќе биде во посета на Москва, за што извести и помошникот на рускиот претседател Владимир Путин.

Без сомнеж во таа прилика, на таа посета ќе падне збор за ситуацијата во Македонија и во регионот. А што се целите на Кремљ во регионот, американскиот „помирувач“ во Македонија Брајан Ји изјави дека „многу е тешко да се предвиди или да се читаат мислите на рускиот претседател Владимир Путин“.

„Миротворецот“ во Македонија Ју, меѓута смета дека тоа „канцерогено влијание“ на Русија на Балканот треба да се спречи. Ете откаде е кризата во Македонија. Затоа прашањето е кој е следен. Бидејќи Ји на седницата на Поткомитетот се бавеше и со Србија и рускиот хуманитарен центар во Ниш во чии „чисти намери“ не верува, се осврна и на „намерите“ на Русија за охрабрување на Р.Српска за сецесија од БиХ, но истакна дека САД поддржуваат формирање на војска на Косово.

10 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This