ВИСТИНСКИ НЕВИДЛИВИ АВИОНИ: Кина постигна напредок во давањето на обичните авиони вистински моќи на”невидливост”

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кинески воздушен инженери тестираат експериментални технологии кои можат да манипулираат со радарскиот потпис на авионот, со што обичните авиони исчезнуваат од радарот, а меѓу другото ваквата технологија има можност да направи и еден авион на радарот да се појавува како три.

Кинеските научници развија синтетички соединенија кои се надеваат дека можат да обезбедат вистинска “невидлив наметка” за воените авиони со цел да ги подобрат своите перформанси во борбени ситуации, известуваат кинеските медиуми.

Научниците од Југоисточниот универзитет во Нанџинг, еден од најстарите универзитети во Кина, се обидуваат да го сменат начинот на кој радио брановите комуницираат со површината на авионот за да “создадат вештачка слика за бројот на авиони или да го минимизираат ехото на радарот”, според резимето на истражувачите за напредокот на проектот.

Една можна апликација за метаматеријалот е да сторат одредени делови на авионот да изгледаат како пластика на радарите, наместо како метал. Алтернативно, еден истражувач посочи дека ќе биде можно еден авион на непријателски радари да се појавува како три.

Оваа технологија е испорачана во Шенјанг, провинцијата Лјаонинг, изјави истражувач вклучен во проектот за кинеските медиуми. Во Шенјанг, можно е метаматеријалите да се монтираат на обични кинески воени авиони Ј-11 и Ј-15 , објави весникот “Хонг Конг”.

Сепак, пречките остануваат. Пред да се додаде материјалот на авиони ширум воздухопловните сили на Народноослободителната војска, прашањето за тоа како масовно да се произведува ваквиот метаматеријал мора да се реши, велат експертите.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This