ВЛАДАТА НА ГРУЕВСКИ НИКОГАШ НЕ ПРИФАТИЛА ЗАКОН ЗА ЈАЗИЦИ: Хартиите со кои мафта Шеќеринска се ноторна лага и манипулација!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Веќе подолго време опозициските медиуми финансирани од Сорос, но и нивната идеолошка следбеничка од СДСМ Радмила Шеќеринска се обидуваат на јавноста да пласираат теза дека одредена анализа на Охридскиот рамковен договор која ја нарачал Муса Џафери е доказ дека владата на ВМРО-ДПМНЕ всушност веќе работела на предлог-закон за јазиците во духот на Тиранската платформа

Nata-TVNOVA

Се работи за манипулација, која досега не беше објаснета пред пошироката јавност. Имено, во рамки на своите дискрециони овластувања како потпретседател на влада, Муса Џафери согласно буџетот кој му бил на располагање направил таква нарачка, а врз основа на тоа и предлог закон за јазици, кој паднал уште во првата процедура.

За ова зборуваше Наталија Ивчева екс-помошник министер во МВР и аналитичар во вчерашната емисија „Аргументи“ на ТВ Нова.

„Треба да разјасниме една работа. Тие што работеле во Влада знаат како одат процедурите и како може еден закон да ги помине филтрите за да дојде до Собраниксата процедура. Тоа што сега не убедуваат дека законот бил прифатен од страна на г-дин Груевски исто така е повторно лага од страна на СДСМ. Бидејќи Муса Џафери кој беше потпретседател на Влада користејќи си ја својата сопствена функција и буџетот кој му бил определен, си направил истражување, односно анализа до каде е реализацијата на Охридскиот рамковен договор“ – вели Ивчева и додава дека, истиот предлог на Џафери бил веднаш отфрлен уште на седница на Влада, и воопшто не го поминал ниту првиот филтер, односно веднаш бил отфрлен.

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This