ВЛАДАТА НА ЗАЕВ РАЗРЕШИ НЕКОЛКУ ДИРЕКТОРИ НА ИНСТИТУЦИИ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На денешната седница Заев разреши неколку директори на институции и на нивно место веднаш назначи нови.

За нов директор на Службен весник е назначен Мартин Костовски, (кој во алкохолизирана состојба нападна двајца трактористи кои беа дел од протестите на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“) а разрешен е в.д. директорот Лука Кржалоски.

Нов директор е именуван и на Државниот архив каде е назначен Кирил Петров на местото на досегашниот директор Филип Петровски, кој е разрешен од функцијата додека е на годишен одмор .

За нов директор на Државниот завод за статистика е назначен Апостол Симовски, кој доаѓа на местото на разрешената директорка Лидија Костовска.

Во Агенцијата за администрација  за нов директор е именуван Спасе Глигоров(член на ИО на СДСМ) на местото на разрешената директорка Жаклина Николовска.

На денешната владина седница разрешен од должноста портпарол на Владата е Александар Ѓоргиев.

Смени има и во Агенцијата за млади и спорт каде за нов вршител на должноста директор е именуван Дарко Каевски, а разрешен е досегашниот в.д. директор Марјан Спасески.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This