ВЛАДАТА НЕМА ДА СЕ РЕКЛАМИРА НА ТЕЛЕВИЗИЈА: Ама затоа, ќе троши повеќе пари на Фејсбук револуционери и Твитер џаболебари!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Владата на вчерашната седница ја усвои мерката од т.н. план „3-6-9“ со која се прекинува рекламирањето на владините проекти на телевизиите, радијата, печатените медиуми и порталите 

Од оваа мерка се изземени социјалните мрежи, на кои Владата во иднина ќе се рекламира, секако користејќи ги услугите на досегашните Фејсбук и Твитер револуционери кои откако си ги сместија задниците во владата за плати повисоки од 40.000 денари, сега ќе кешираат и на рекламните кампањи на владата.

Ваквата ФБ влада, најверојатно ќе ја менаџираат Фејсбук револуцинерите Влатко Васиљ, Марјан Забрчанец и останатите платенички револуционери, кои досега работеа на ширење на пропаганда и лаги преку социалните мрежи.

Влатко Васиљ и Забрчанец се вработени во владата на Р.Македонија за плати над 40.000 денари, како дел од „тимот“ на Роберт Поповски, кој дефакто работи како министер за пропаганда.

Освен Васиљ и Забрчанец, како пропагандисти во владата работат и ФБ поетот Дарко Лешоски, а додека во Министерството за здравство како шеф на информбирото е вработен ФБ едукаторот за менаџерски способности Коста Петров.

Со оваа популистичка мерка, Заев се обидува да прикаже пред јавноста дека ги намалува трошоците на владата, кои претходно беа миниманлни, а во суштина со вработувањето на десетици Фејсбук револуционери кои ќе бидат задолжени за рекламирање на владата трошоците за пропаганда неколкукратно се зголемуваат.

Ова имајќи во предвид дека фејсбукашите земаат преку 40.000 денари плата, а за рекламните кампањи на ФБ ќе се трошат уште толку по проект.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This