ВЛОШЕНИ ОДНОСИТЕ СО СРБИЈА: Дачиќ изјави дека во иднина Србија ќе се однесува кон Македонија со иста мерка-Заев причина за влошувањето на односите!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Првиот потпретседател на Владата на Србија и министер за надворешни работи Ивица Дачиќ го обвини мандатарот за состав на новата Македонска влада и лидерот на СДС Зоран Заев дека со своите изјави ги нарушува односите помеѓу Белград и Скопје, додавајќи дека во иднина властите во Србија кон властите во Македонија ќе се однесуваат реципрочно

dacic
„Навредите кои Заев ги упати кон српското раководство секако ќе влијаат на нашите билатерални односи“, порача Дачиќ во пишаната изјава доставена до медиумите.

Србија, истакнува Дачиќ не се меша во внатрешните прашања на други држави, исто така Србија сака добри односи со соседите, но изјавите на Заев се токму спротивни на тоа.

„Србија нема да дозволи на било кој, па ниту на Заев, да ја понижува, а односот кон властите во Скопје во иднина ќе биде реципрочен на нивниот однос кон Србија“, наведува Дачиќ.

Заев, претходно рече дека Србија е раководена од националистичко раководство на чело со Александар Вучиќ кој себеси се декларира како лидер во регионот, а во најнвото интервју за белградската телевизија Н1, мандатарот за состав на новата македонска влада рече дека му е непријатно да го слуша Вучиќ кога тој зборува за „македонско сценарио“.

7 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This