ВМРО-ДПМНЕ:Стравот на СДС од Никола Груевски е се поочигледен

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Стравот на СДС од Никола Груевски е се поочигледен, се вели во денешната реакција на ВМРО-ДПМНЕ во однос на соопштението на СДСМ.

Оттаму велат дека СДСМ се плаши од Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ.

-Поради преголемиот страв СДС праќа бледи и неосновани реакции. Народот ја виде на дело неспособноста, неработењето и расипничкото однесување на СДС. СДС за неполни 3 месеци ги задолжи идните генерации за над 150 милиони евра, а од државните резерви стопи над 120 милиони евра. Владата на Заев се задолжи до гуша без притоа да реализира една капитална инвестиција, напротив истите инвестиции ги стопира со нивниот ребаланс на буџетот, се вели во реакцијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека СДСМ и нивното раководство единствено може да му завидуваат на Никола Груевски за сработеното за државата и граѓаните.

-Разликата помеѓу Никола Груевски и Зоран Заев е очигледна и токму поради таа разлика граѓаните ќе гласаат на 15-ти октомври за ВМРО-ДПМНЕ, за реални мерки и проекти, а не за празни ветувања и антидржавни политики, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This