April 24, 2024, 11:57 pm

ВМРО-ДПМНЕ: Вистински хаос се случува во култура од неспособност на Роберт Алаѓозовски

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Партизацијата на културата продолжува со несмален замав. Неспособноста на Роберт Алаѓозовски креира вистински хаос во ресорот кој од занимавање со културата полека но сигурно започнува да се занимава со варваризам, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Алаѓозовски направи незаконска промена на десетици раководители на институциии која ја образложи со фашизоидна реторика, јавно фалејќи се дека ги променил затоа што тој оценил дека се блиски до Никола Груевски. Нема поголем доказ за јадењето живи луѓе и вработување од чистачка до директор на партиски војници кое го најави Заев пред своето членство. Меѓу војниците на СДС се наоѓаат и таканаречените граѓански невладини активисти кои цело време одработуваа за интересите на Заев и СДС, манипулирајќи и лажејќи ја јавноста дека нивната мисија е да се граѓански коректив на власта, истакна Владимир Атанасов од ВМРО-ДПМНЕ и додаде:

„Еден од нив е братучедот на Радмила Шекеринска, Никола Наумоски, кој од неодамна е член на работната група која ја формираше Алаѓозовски и која ќе го советува за проектот Скопје 2014. И Наумоски како и десетици други лажни невладини активисти го најде своето место како вработен партиски војник, со заслуги од учеството во бројни лажни граѓански акции организации кои служеа на СДС, како и со учеството во насилната платеничка револуција во која се уништуваа споменици. Во оваа работна група се наоѓаат и други деструктивци и сеачи на омраза, како Мирослав Грчев кој заедно со Ѓунер Исмаил предлага минирање и уништување на спомениците на македонската историја и херои, како и Златко Теодосиевски, човек со празна и негативна професионална биографија, но како и колегите полн со фрустрации поради кои жестоко ја критикува изградбата на меморијалниот музеј на музичката икона Тоше Проески“.

Овие луѓе, рече Атанасов, поради својата деструктивност, радикалност и сеење омраза и поделби се наградени од Заев и Алаѓозовски со плата од државата.

-Стотици милиони денари секоја година ќе ги плаќаат граѓаните за фактурите кои ваквите лажни активисти и експерти ги доставуваат до Зоран Заев. За ваквото неспособно работење кое продуцира хаос, Алаѓозовски, Заев и СДС наскоро ќе сносат политичка одговорност.

 

7 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This