ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ќе направи се само за да ја дефокусира јавноста

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

СДСМ нема кредибилитет да зборува за здравствениот систем во Република Македонија и секогаш кога нема одговор на прашањето дали ќе се откаже од тиранската платформа и од редефинрање на државата, испраќа соопштенија и држи прес-конференци полни со манипулации и конструкции.

vmro-dpmne-1

Ова го порачува ВМРО-ДПМНЕ во пишана реакција на денешната прес-конференција на Злате Мехмедовиќ од СДСМ на која најави дека двојно ќе ги зголемат платите на здравствените работници.

– Кога СДСМ беше на власт не мрдна со прст и го остави македонскиот здравствен систем како последно рангиран и најлош здравствен систем во Европа. Општо познато е дека во нивно време се купуваа стентови на црно, пациентите со малигни заболувања за зрачна терапија плаќаа огромни суми на пари во странство, граѓаните немаа можност да закажат преглед кај доктор, докторите им беа недостижни и чекаа огромни редици пред ординациите не знаејќи дали воопшто ќе бидат прегледани, се вели во реакцијата и се додава дека  докторите во време на СДСМ сонуваа за државна кардиохирургија и детска кардиохирургија.

ВМРО-ДПМНЕ, се потенцира во рекацијата, во изминатите години посебен фокус стави на развој и унапредување на здравствениот систем и за таа цел се спроведоа голем број мерки и реформи и се набави нова опрема. Како резултат на реформите и проектите на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ македонското здравство е помеѓу најдобрите во регионот и Европа. Според европскиот здравствен потрошувачки индекс, македонското здравство е подобро рангирано од поголем број развиени европски земји и земји од регионот меѓу кои: Италија, Ирска, Унгарија, Полска, Литванија, Грција, Романија, Бугарија, Албанија, Србија, Црна Гора.

– Во тек е спроведувањето на историски најголем инвестициски циклус во еден момент во здравствена инфраструктура, во вредност над 74.6 милиони евра. Изградена е нова Детска болница во Козле, интензивно се одвиваат градежните работи за изградба на нова клиничка болница во Штип – инвестиција вредна околу 56 милиони евра, во тек се и реконструкциите на болниците во Прилеп, Струмица, Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид, веќе е реконструирана болницата во Велес, а болницата во Битола доби комплетно нов лик со надворешната реконструкција, се нагласува во рекцијата.

Се посочува дека во македонското здравство се инвестирани над 115 милиони евра за набавка на нова, најсовремена медицинска опрема, а веќе отпочна реализацијата на нов инвестициски циклус во нова медицинска опрема за над 100 јавни здравствени установи низ целата држава, вреден 33 милиони евра.

– Кадарот во здравството во изминатите неколку години е зајакнат со околу 4.000 лица, со вработувања или со трансформација во редовен работен однос. Над 2.800 здравствени работници се едуцирани во врвни медицински центри во Европа и светот. Десеткратно е зголемен бројот на специјализации на докторите кои се доделуваат годишно. За првпат во Македонија е отворена државна кардиохирургија, со намалувањата на цените на лековите се опфатени околу 5.000 лекови, а заштедата во системот изнесува околу 33.5 милиони евра, се потенцира во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција на Злате Мехмедовиќ од СДСМ.

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This