ВМРО-ДПМНЕ: СДС покажува дека за него нема ништо свето, ниту празници, ниту национални и државни интереси

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

СДС покажува дека за него нема ништо свето, ниту празници, ниту национални и државни интереси. Но, што впрочем да се очекува од партија која се однароди и се врза со нарко-мафијашкото подземје, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

vmro-dpmne-1

Во продолжение следува интегрален текст од реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Народот јасно им порача дека нивното дилетантско политиканство не поминува. Народот јасно им порача дека не поминува ниту Тиранската платформа, ниту негирањето на македонскиот народ, химна и знаме, се она за кое што СДС упорно молчи, а под маса го договара.

СДС и аболицираниот криминалец Зоран Заев се обидуваат со прифаќање на странски платформи и негаторски изјави по секоја цена да избегаат од соочување со правдата за криминалите кои ги направиле. Но, бегање од судските процеси за нивните криминали нема, исто како што нема бегање ниту од судот на народот. Тој суд на народот, СДС ќе го види на избори кои се единственото решение од ситуацијата во која СДС ја втурна Македонија со прифаќањето на Тиранската Платформа.

Затоа народот е на нозе!

Затоа Македонија се буди!

 

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This