ВНИМАВАЈТЕ НА ЗДРАВЈЕТО: Недостатокот на вежбање, може да предизвикаат развој на тешки срцеви заболувања

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Комплетниот недостаток на моторички активности ја забрзува атрофијата на мускулите на нозете, стои во заклучокот од ново истражување, објавено во магазинот The Journal of Physiology.

Ваквите промени се забележуваат кај луѓе со различна возраст, но мускулната атрофија посебно се развива во староста.

Со вршење на анкети меѓу постари лица, кои не се движеле две недели, се покажало дека како резултат на недостигот на физичката активност, со староста мускулите побргу ја губат масата, а нервниот систем полошо ги контролира нивните контракции.

Научниците истакнуваат дека недостатокот на вежбање, неправилната исхрана и лошите навики можат да предизвикаат развој на тешки срцеви заболувања и негативно влијаат на метаболизмот.

Сите погоре наведени фактори можат да предизвикаат пореметување во хормоналниот баланс на човекот и да доведат до неконтролирано зголемување на телесна тежина.

Истражувањето било извршено на здрави луѓе.

Кај болните, атрофијата може да се развива што побргу и со тешки последици, нагласуваат научниците.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This