ВНИМАВАЈТЕ ШТО КУПУВАТЕ: 1.200 тони месо од Канада и Бразил, без царина завршиле на македонските трпези!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во Македонија се увезувало и продавало месо од Бразил и Канада – без да се плати царина. Финансовата полиција отвори истрага за овој случај во кој се проценува дека на државата и е нанесена штета од околу еден милион евра. Царинската управа потврдува дека се води истрага, а од Агенцијата за храна и ветеринарство велат дека се информирани за случајот, јави Тв 24 вести

„Агенцијата за храна и ветеринарство деновиве доби информација од Царинската управа на Република Македонија дека компанијата “Интернационал фуд базар” од Скопје ја нема испочитувано законската обврска за плаќање на царински давачки за увоз на месо.”

Оваа фирма последен пат направила увоз на месо во земјава пред една година. Во случајот кој е предмет на истрага, во земјава влегле 50 шлепери месо и без царинење завршиле во малопродажба. Според сознанија на телевизијата, пратки со 1.200 тони месо исчезнале од царинскиот склад на фирмата увозник – лоцирана во скопската населба Илинден, веднаш по нивното влегување во земјава.

Се претпоставува дека месото кое било пилешко, јунешко и свинско без коска, е пуштено во промет.

Месото за кое се води истрага завршувало во супермаркетите, но и во саламите и другите сувомеснати призводи кај неколку преработувачи.

Сепак од Агенцијата за храна и ветеринарство велат дека и во овој случај во делот на безбедбноста на увезените пратки процедурите биле испочитувани.

 

Извор: 24вести

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This