March 28, 2024, 12:34 pm

ВОЕНА ВЕЖБА ВО ГРЦИЈА СО ПОРАКА ДО МАКЕДОНИЈА: Грчкиот министер за одбрана ни испрати порака од воена вежба!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Грчкиот министер за одбрана Панос Каменос според грчките медиуми на сите грчки соседи им испрател порака на мир и пријателство од воената вежба одржана во близина на градот Еврос.


Сепак во пораката до соседите кои што грчките медиуми не ги именуваат Каменос кој е шеф на партијата АНЕЛ инаку дел од грчката владина коалиција испратил и порака поврзана со грчкиот соверенитет кој што не може да биде ребрендиран.

Оваа порака е испратена до Македонија за која што Каменос често пати вели дека не може да го користи своето уставно име. Министерот за одбрана предходно неколку пати се закани дека ако во евентуално решение за името биде оставен зборот Македонија тој ќе ја напушти владата.

Каменос пораката за националниот суверенитет и неговото ребрендирање ја испраќа до Македонија на која што и порачува дека не може да влијае на Грција да го менува својот национален идентитет кој што според нив е и грчки и македонски.

Министерот за одбрана на Грција пораката ја испраќа од воената вежба „Парменион 2017“каде што учестувале огромен број војници и воена техника што според дипломатските протоколи не е најдобро место за испраќање на пораки до соседите.
Напротив вакви пораки испратени од воени активности се сметаат за закана за тие на кои што им се испраќа пораката а грчките медиуми јасно кажуваат дека Каменос им се обратил на соседите.

9 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This