March 28, 2024, 11:44 pm

ВОЕНИТЕ ЗЛОСТОРНИЦИ ТРГНАТИ ОД ЛИСТАТА НА ИНТЕРПОЛ:Рамуш Харадинај вчера е тргнат од листата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Косовскиот премиер, Рамуш Харадинај, е тргнат од листата на Интерпол на барани лица со меѓународна потерница што ја издаде Србија, изјави косовскиот министер за правда, Абелард Тахири, за „Ројтерс“.

Тој рекол дека вчера бил информиран дека Интерпол тргнал од листата 18 лица од Косово кои ги бара Србија, наведувајќи дека меѓу нив е и Харадинај.

„По таквата одлука, сите тие поединци се слободни да патуваат надвор од Косово без никакви проблеми“, рекол Тахири.

Харадинај на почетокот на годинава беше уапсен во Франција по потерница која ја издаде Србија, но беше ослободен откако францускиот суд го отфрли барањето за екстрадиција на Белград.

Србија го бара Харадинај поради сторени воени злосторства како поранешен командант на таканаречената ОВК. Беше обвинет пред Меѓународниот суд за злосторства во поранешна Југославија во Хаг, но беше ослободен од сите точки на обвиненија.

По објавувањето на обвинението на 8 март 2005 година Харадинај поднесе оставка на функцијата премиер која ја извршуваше само 100 дена и доброволно му се предаде на Хашкиот трибунал.

Во првото судење Харадинај е прогласен за невин во 2008 година додека во второстепената постапка во 2012 година беше ослободен.

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This