April 26, 2024, 12:23 pm

ВОЗАЧИТЕ НА АВТОБУСИ БЕГААТ ОД ЈСП: Јавното претпријатие најверојатно ќе остане без возачи поради лошите услови за работа!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

ЈСП најверојатно ќе остане без возачи на автобуси, откако 15-тина од нив минатата недела на саем за работа во Малта добиле понуди за работа во јавниот превоз на островот за одлични услови

Како што дознаваме „Инфомакс“, незадоволни од условите за работа, околу 15 возачи на автобуси во ЈСП на саем за работа во Малта минатата недела добиле понуди за работа во јавниот превоз на островот. Од она што го изјавија дел од нив, условите за работа во ЈСП по доаѓањето на Шилегов се катастрофални, а се почестото експлоатирање на старите автобуси, како што ги нарекуваат „конзерви“ уште толку ја отежнуваат работата.

Во Малта, неофицијално добиле понуди од 2.000 евра плата, а дел од нив веќе потпишале и од Македонија заминуваат на 23 март.

Во меѓувреме, Шилегов продолжува да ги лаже граѓаните дека активно работи на намалување на загадувањето во воздухот, додека јавниот превоз се служи со автобуси стари речиси еден век.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This